испрати (гл.) - таа (зам.)

Формулата на Шефот во случајот на полицајката беше едноставна: Ема, заедно со Нинослав, ќе го води префрлањето на Илона, а специјална екипа што тој ќе ја испрати таа ноќ на граничниот премин Табановце, неколку часа откако Чехињата ќе биде пропуштена без да се евидентира во системот за гранична контрола, ќе открие злоупотреба на службената должност на полицаецот Јованче Крстов кој својата улога во нашата група дотогаш си ја извршуваше беспрекорно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја испратив таа разгледница на моите домашни и на неа напишав: - Примете многу поздрави од вашата Козета.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Гладното и полно со болни превивања тело имаше само еден единствен начин за да ја испрати таа продолжена темнина, за да ја превиди и да се скрие од неа, а тоа беше сонот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)