испрати (гл.) - писмо (имн.)

Во врска со тоа, во врска со својот копнеж за световно образование, скришум од вујкото, му испрати писмо на братучедот Јосифа да прејде кај него на атинскиот универзитет и како него и тој да изучи за лекар.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Загинал „незнамитисот“ во туѓа земја, а нејзе ѝ испратиле писмо со печат и царски знак...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не доаѓаше предвид ни да ѝ испрати писмо по пошта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ден или два откако го испратив писмото до Агна, забележав дека работата на копањето на бунарот губи во своето темпо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
14. Летото двајца другари, кои беа на лекување во Скопје, испратија писмо до Захаријадис: ,Ќе се вратиме со една наша дивизија, под услов и командантот да биде наш".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе испратам писмо до Меѓународниот црвен крст, а на списокот што ми се враќа, името на детето го нема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Испративме писмо до југословенската амбасада во Москва и сега чекаме виза.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Поминаа дваесет дена откако го испративме писмото - рече, при една средба со лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред дваесетина дена, без било кој да знае, му испрати писмо на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Измачуван од сите тие размислувања, кои деноноќно го растргнуваа, Хелвиг не се решаваше да испрати писмо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
После ова ветување на лекарот, дека лично ќе го испрати писмото, при секоја средба, Марија како да сакаше да го праша - дали го испрати.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој сфаќаше каков шок доживеале кога им го испрати писмото во кое ги извести дека со него живее жена што е од друга држава... Од друга националност...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најстариот брат, кој го испрати писмото, нѐ храбреше нас помалите, но и нему не му беше лесно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)