испрати (гл.) - еден (прид.)

Во писмата испратени еден на друг, со најгрди, најнавредливи зборови, си ги исцртуваат и карактерните особености и творечките можности.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еј, не се бакнавме! се сети и подзапре дури кај првиот свиок на скалите, ја крена слободната рака во знак на поздрав, испрати еден воздушен бакнеж и исчезна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не забележав дали погледна угоре!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Подоцна ќе ви испратам една книга од која ќе го разберете карактерот на општеството во кое живееме и стратегијата со која ќе го уништиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)