испрати (гл.) - неколку (прил.)

За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред да ѝ го напишам мојот одговор ѝ испратив неколку осврти од париската критика, со потцртани пасажи, според мене најзначајни, со неколку мои коментари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие испратиле неколку покани до граѓанството залепени на вратите на црквите и училиштата, со кои агитирале дека, наместо да се расипуваат народни пари за камбанарија, да се реновираат урнатите и стари училишта, а парите за црквата во Цариград да се потрошат за просветни цели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)