испрати (гл.) - барем (чест.)

Ќе светнат посветли дни, ќе се исправат грешките и ќе дојдеме до слободата. Само трпение и цврстина препорачувајте.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тогаш и со вас да се делиме, макар со тага на душата, — проговори Ѓорче, a Петре ги замоли поп Пана и Милана од Беловодица да им бидат на услуга уште некој ден и друг на костурци и да ги испратат барем до Скочивир, да ја прејдат Црна, та понатаму нека си водат сметка тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така, од пред очи, ни се загуби татко, не ми се вдаде ни убаво да го фатам со очите, да го испратам барем со погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кирков, како и Орцето, во никој случај не сакал да се фотографира, Молбите на домашните да им испрати барем една фотографија за да ја имаат за спомен во куќата, не успеале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)