испули (гл.) - во (предл.)

Пред секое тргнување некаде, ќе се испули во небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Детето се собра малку кога го фати за главчето, но се испули во Турчинот и му го виде насмеаното лице, па се поослободи и промрморе: – Ангеле. – Ах, така!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
и само коси, цело поле трешти, небото се тресе, мислиш на тебе ќе падне и се слуша само едно долго виење, еееее, јачи и плаче, ко мало детуле, и војниците како што одат и како што гинат само ау, ау, ау, викаат и едни паѓаат, а други се меткаат наваму и натаму, не знаат кај одат, чакалот им влегол в очи и ослепени се и од двата полка само осумдесет души не загинаа, и тогаш собув еден мртов Англичанец, ама старшијата ми ги виде чевлите на нозе и оди кај оди ќе ми се испули во чевлите, ништо нема загубено, а бара, и, кај ги најде, бре, ботушите што ми ги купи башта ми, вели, зар татко ти е Англичанец, му велам, и тој одвај дочека да го налутам, нема арамии кога сите крадат и почна да ме тепа, преку нос, преку очи, и мсне светкавици ми играат и после многу ми се стемна и го гледам како 125
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крле гледа дека таа ја води водата на нејзината, ама и на неговата водеиица, та да не обиколува леводесно, таман таа заврши, тој ја бапна пред обете: — Е, море, шо ќе барам јас наки-ваки сиромашки ај дај ми а ти! — и се испули во Неда, се понасмевна и го запре здивот да го чуе одговорот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)