истакне (гл.) - факт (имн.)

Она што ја испровоцира В.И. на поднесување тужба, меѓу другото, се и неуспешните протести што биле спроведувани во однос на лошиот третман спрема вработените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Освен притисокот врз здравјето од тамошната мачна работна атмосфера, постоеше и притисок од страна на тогашната извршна власт – која, според В.И., бесправно земала, давала и продавала дел од производите со кои работела фирмата, а работниците не добивале никаков надомест за тоа!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вреди да се истакне фактот дека укинувањето на надоместокот за патни трошоци беше флагрантно дискриминаторски, бидејќи се одне- суваше само за неколкумината вработени кои имаа живеалиште или престојувалиште во Скопје и кои секојдневно патуваа од главниот град, а не важеше за вработените од локалната општина и околните села!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, 134 заедно со други тројца негови колеги од Скопје, се договараат да покренат судска постапка против МЦ како работодавач, со цел поништување на овие апсурдни и противзаконити одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сепак, не можеме посебно да не го истакнеме фактот дека изучувањето на преведувањето, посебно од диахроничен аспект, е витален дел на литературната и културната историја.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како недостаток го истакнува фактот што синдикатот од претпријатието не се потруди ниту, барем елементарно, да ги подучи и информира вработените за своите права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)