истакне (гл.) - во (предл.)

Ако барањата не се поврзани со ист фактички и правен основ, тие можат да се истакнат во една тужба против ист тужен само кога истиот суд стварно е надлежен за секое од овие барања и кога за сите барања е определен ист вид постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужителот може две или повеќе тужбени барања во меѓусебна врска да ги истакне во една тужба и така судот да го усвои следното од тие барања, ако најде дека она што пред него е истакнато не е основано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Книгата нема допирни точки со она што сакам да го истакнам во текстот, но некои согледби и цитати од неговиот филозовски дневник, можат да дадат прилог во разјаснувањето на моите тематски опсервации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но, нив, како што е истакнато во почетокот, далеку повеќе ги интересирало да ја сфатат практичната страна на тие теории отколку поопширно да навлезат во нивната суштина како теорија на определени општествени движења.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Решението на тој проблем, истакнал во интервјуто Смодлака, е „да ѝ се даде на Македонија целосна автономија во федералната држава, со што би се ставил крај на југословенско-бугарскиот раздор“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, за делот на Македонија во рамките на Грција, Јосип Смодлака во интервјуто изнел оцени кои можеби претставувале бреме од неговата политичка активност пред војната, не можејќи да го сфати духот на она што се случувало во делот на Македонија под Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патрик Крисман, откривајќи дека тој стои зад псевдонимот Клеман дИсартеги, ќе истакне во Телерама, како што можевте да прочитате: да се преведува за него претставува витална евазија, речиси 24 часа под заштита на двајца полицајци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Додека формалистичките приоди се во голема мера врзани за граматичките закони, и се обмислени за да постигнат графичка точност и прецизна референца, Деридиниот курс е повеќе едно емпириско лутање, кое не е врзано за одговорноста на философијата, за традицијата, за еволуцијата на јазикот и мисловните системи, туку наместо тоа, го истакнува во преден план движењето по површината на пишаниот јазик, играта без калкулирање, лутањето без некаков крај или телос.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)