истакне (гл.) - и (сврз.)

Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но сега Татко, неочекувано за Камилски, продолжи: Покрај персиските и арапските зборови коишто Османската Империја ги распространи низ Балканот како претставник на источната цивилизација, треба да се истакне и местото на лексичките елементи од грчко и од латинско потекло ширени од Турците како наследници на византиската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На крај, вреди да се истакне и напорот на културната агенција „Метафорум“ која со приредувањето на ова исклучително издание (книгата ги содржи сите додатоци неопходни за една философска студија, предговорот е преведен на јазиците на 10 источноевропски земји, а содржи и прилози на германски и англиски јазик) се претставува како реномирана издавачка куќа која со својата едиција „хоризонти“ навестува издавање на нови теориски книги од наши автори.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)