истури (гл.) - бес (имн.)

Ако си малку од малку среќлија, ќе се сликаш со некоја Викуња и на сликата нема да личиш на суров ловџија што си го истура бесот врз недолжни животинчиња.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ќе го истурат бесот врз нив, врз мршојадите, јали врз воларите, воздивна Дамче.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Знаеш колку е лош. Сакаш ли на мене да го истури бесот заради тебе?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)