истури (гл.) - гнев (имн.)

Некоја темна желба да се истури гневот, да се одбрани, по навика да се удри, нападне или убие, лудост која напнуваше до дебелите камени ѕидови, но, не можејќи да ги турне, се уништуваше самата себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не беше шака, исклани беа царски луѓе, стопаните на Имотот, и никој не можеше да претпостави, при недостиг на вистински виновник, врз кого од нив ќе се истури гневот на султанот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пелагија тоа најдобро го знае и ѝ кажува на мајката Перса со топол глас Во најубавите години Богородица истури гнев врз мојата Добра и врз мене, рано ја загубивме нашата мајка, не беше сведок на сеопштиот срам, а натаму низ животот бевме благословени со неколку мајки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)