истури (гл.) - залп (имн.)

И таман побара некое дрво од аскерите да не го болат нозете, наеднаш се истури залп од пет шест пушки и еден бесен вик од стената над чешмичето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По ова пукање се истури залп од пушки и пиштоли и од другите редици аскер во купот луѓе што навалија на портата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)