истури (гл.) - свој (прид.)

Се вратија во осилото, каде трите оси беа готови да го истурат својот целолетен натрупан бес врз Рада. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луѓето се збија исплашени сосем до ѕидот и Стојан Пискулиев остана сам на средина, повргнат в прав и скоро прегазен од страшната сила што ги истури својот гнев над него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што ја натера да седне на работ на осамената шумичка и да ја истура својата музика во ништавилото ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сонцето наутро најпрвин на нив ја истура својата светлина, а потоа како блескава поплава слегува надолу кон полето и во него најдоцна останува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)