исчезне (гл.) - во (предл.)

„Безбројни слоеви идеи, слики, чувства паѓаат врз твојот мозок благо како светлина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се чини дека секоја ја потиснува претходната, но всушност ниедна не исчезнува во потполност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Избрзаниот одговор би можел да гласи: затоа што алтернативните светови и не се друго освен компјутерски симулирани точкасти елементи, затоа што се само магливи слики што исчезнуваат во ништожеството.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Избрзаниот одговор би гласел: зашто алтернативните светови не се ништо друго туку компјутерски симулирани точкасти елементи, дека се само магливи слики, што исчезнуваат во ништо.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мешавина од елиптични формули, длабоко нејасни или претерано едноставни, кои се разјаснуваат исклучиво преку набљудување спроти светлоста на париското сонце, бидејќи според мислењето на авторот, делото е ориентирано во правец исток/запад, иако може да се каже дека токму низ тој прозорец низ којшто е претставено делото, Бојс исчезнал во синилото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изложбата организирана од страна на Харолд Симан, напротив, покажува дека делото на Бојс може совршено добро да се постави во простор - со мали скратувања - без оптоварувања заради некои полемики кои делото ги побудува (како идеализмот и германскиот романтизам).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, што останува од неговото присуство, од неговиот говор врз овие црни слики?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но кавалот исчезна во белиот бескрај заедно со побратимот и со големиот брод...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Моторните чамци брзо исчезнаа во морската шир.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се сврте уште еднаш, како да велеше со својот нем, кроток поглед „До видување. Ви благодарам“, па со лесно потскокнување исчезна во зелената шума.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Се раскажува дека ајтудинот со седум чекори им избегал на Турците и исчезнал во гората.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но волкот, во кој целеше, успеа да се довлечка до стреата, до дрвјата и да исчезне во темнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Еднаш ќе исчезнам во сенките на твојата пена Ќе се вратиме во коренот на големата билка Има цутови загубени огнови на летните ноќи трагачи на добрата утока на утрото Има цутови одвај исправени над своите болести.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Не смеам да заспијам зашто ќе ми исчезне во сонот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја бакна в чело и виде скаменет Божјиот знак одново како исчезна во небесата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Белите бујни цветови исчезнаа во студениот снег...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тогаш, улогите не исчезнаа во 1969 година, ниту во 1975, и покрај многуте посмртници што им ги изнапишаа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сакам да кажам дека сите сме на пат да станеме безумни роботи без душа, или дека индивидуалноста ќе исчезне во океанот на хомогеноста.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Птиците ги има на небото, но не се гледаат – рече старецот, покажувајќи кон небото, каде што во тој миг прелетуваше јато птици, за веднаш потоа да исчезне во мистериозните далечини. – Птиците можеш да ги видиш само кога се блиску.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нивните драги ликови изчезнаа во далечината, но јас сеуште со рацете мафтав, мафтав, додека не се уморив, па влегов во купето и седнав на обележеното седиште од втора класа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Истрча кон мене силно ме бакна право в уста и додека јас се освестив од убавото чувство тој со брзи чекори изчезна во темнината.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зрнца пот ми избиваа врз челото. Не знаев дали да стојам или да седам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Причекај малку“, мистериозно изјави и исчезна во бањата. Се попалив. Тоа е тоа. Конечно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
После сите изјави, стискања, мали шеги и рутини, по сите поминати милји, изедени јадења, препешачени музеи и одгледани филмови, конечно природно и достоинствено ќе се споиме во конечниот чин на интимност и љубов. Горев. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 155
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сетне се слушна глас дека бикот е виден покрај влезот на јамата на напуштениот рудник во Богословец, како квечерина исчезнува во темнината на рудникот, а наутро пасе по ридиштата кај минералните извори на Богословски Рид.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последното што го видоа беше `рбетот на бикот и најпосле роговите како исчезнуваат во водите, во вирот, во инката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На четириесеттиот ден од смртта на баба Ристосија, змијата со цветот во уста, исчезнала во студениот простор на црквата, среде мирот и босилокот, покрај иконите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го гледав тој некој како исчезнува во темнината на улицата, а јас веќе ги изговарав првите зборови, според упатството на непознатиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пуштам хартиче по хартиче спонтано да исчезнува во некои безимени пукнатини на Градот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се отргнуваат, ги отфрлаат нашите отуѓени тела, исчезнуваат во темнината.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сè додека телематичката енергија не исчезне во рамнината на тишината наспроти трепкачките команди.¶ okno.mk 33 ДОМ: МРЕЖА ИЛИ ХИЕРАРХИЈА? Manuel de Landa Замислете дека сте добиле работа која од вас бара да се преселите во друг град.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само нешто мора да се разликува во ова споредување: двократното лице на нашите предци ги содржеше остатоците од “митското” наследство; барем сè уште претставуваше “амблем” за “кршливоста” на времето, за ситуацијата на премин од “вчера и денес”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сѐ исчезнува во пламенот на сексуалната Љубов: уметноста, науката - како и самиот живот”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Леонардо пишува: „Кога Љубовниот чин од двете страни се изведува со голема Љубов и голема страст, синот ќе поседува голем, духовит, жив и Љубезен интелект.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквата “поврзаност” речиси исчезнува во криминалистичките романи на нашето време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само уште неколку минути и јазичето ќе ја лизне капсулата и темелите на златниот Молох ќе исчезнат во јароста на пеколот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога помладиот војник исчезна во шумата, постариот се врати назад, излезе на патот за в град, погледна уште еднаш назад кон шумата и плукна бесно: „Пуф, со кого ќе крепиш фронт - кога и меѓу нас има такви...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ШЕГА
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мајка му му вели: „Ете, пак си дома... А како да исчезна во магла...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Си го зеде торбулето на рамо. Исчезна во авенијата на палмите, следен од чудесниот залез на сонцето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Родени во истата 1898 година, тие и исчезнаа во истата 1976 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби си во право, а можеби и не си: зборовите сами по себе, колку и да будат мачни спомени, самите исчезнуваат во времето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Заминаа од животите речиси непризнати, непознати, на маргините на општеството, а многу позаслужни од многу други кои зазедоа високи позиции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На 23 години исчезнал во акција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невидено, малото парче хартија беше повлечено од струјата врел воздух и исчезна во блесокот на пламенот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По 1984-та поголемиот дел од луѓето се повлекоа во илегала или исчезнаа во медиите, додека ADILKNO се префрли кон истражувањето на магичниот свет на медиите работејќи врз картографијата на медискиот простор и на феноменологијата на многуте тајни катчиња и фигури загубени во тој простор. 1992-та ја објавуваат книгата “Medienarchiv” - собраните есеи за теорија на медиите, а 1994-та излегува книгата “Datendandy”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие исчезнуваат во темнината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По нашето последно патување, пругата плевел фати, а вовчето исчезна во заборавот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Над Скопје трепереше воена ѕвезда, а денот се прикрадна бавно, првото изгрејсонце, кога мамурливи, Словенците стануваат Словенци, Хрватите Хрвати, Србите Срби, и сè друго исчезнува во маглата на Соча, меѓу боровите, загниени во влага...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А која година беше Виолета во Бејрут? - Мислам... 60-тата. - Е, шеесеттите, тогаш ги купивме нашите фиќа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бев изненаден со каква леснотија тие платеници исчезнаа во нељубезните сенки на ноќта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Татко ми велеше: небото не слегнува Во празни срца Сабјата не се буди во успана рака А сеќавањето е најбрз коњ Најдалеку ќе те однесе. (Зошто го кажуваше ова кога го беше загубил минатото Минатото му го развеа Киклопот на Револуцијата) Изгледа беше изумил дека изворот сончев покажува само пат кон заодот А дека ѕвездата што паѓа во фонтаните на темнината е само златно париче што некој го фрла од чардаците на мракот (Утрото сепак никогаш не заборава да слезе во одаите на ноќта) А каде тој можеше да слезе од чардакот на својата темнина И која врата потоа да ја отвори Во куќата на новото време Во домот на поразените Коњот и острата сабја Исчезнатото минато И лудата глава на Козакот Од пештерата на сеќавањето Што напати се отвора.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа наеднаш пак му се наслушнува одот; Од на преморен коњ Затечен во редок шамак Со облаци инсекти околу вратот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледам како иконата со Божицата, светата мајка, се топи во пламените јазици, заедно со нимфите и шеговитите сатири, како нејзиното прекрасно тело исчезнува во правот на Атлантида, Вавилон, Александрија или на некој друг безимен Град.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не верувам во постоењето на мојата душа на моите мисли и чувства како причини создадени за да ја пронајдат својата совршеност (тие веќе се совршени такви какви што се, од почетокот на нивното постоење во моето тело, исто така совршено со сите свои недостатоци и маани), зошто на крајот и така се ќе исчезне во апсолутното постоење на ништото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека ја гледав, посакував да се отвори под мене земјата и да исчезнам во некоја длабока дупка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ивана! – викнав пред да исчезне во вратата, но дали не ме чу, или не можеше да ми покаже дека ме слушнала, не знам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знам само дека за момент погледот толку многу ми се замати од солзи што и авионот, и небото над него, и пистата под него се сторија едно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Белите бујни цветови исчезнаа во студениот снег...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)