исчезнува (гл.) - зад (предл.)

Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојата роднина Емилија веќе исчезнуваше зад неа, ја видов само нејзината рака како ми дава знак да дојдам и јас, да побрзам, да внимавам, да не стојам тука здрвен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Збогум!“ Докторот се одвезе, исчезнувајќи зад аголот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)