каже (гл.) - жена (имн.)

„Ајде да излеземе,“ ми рече. Седнавме на една од клупите крај соседната барака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отла забележа дека, иако се обидував да слушнам што им кажуваат жените на децата, зборовите минуваа покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Најинтересното од она што го кажа жената во возот беше спомнувањето на името на еден од главатарите на единицата - собрав сили да го изнесам и последниот податок што Огнена, таму, во купето, неколкупати го повтори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тој податок си можел да го добиеш само од мајка ти, од никој друг - рече Даскалов. – Се разбира можеш да го добиеш и од тој твој несуден татко.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Според есапот што си го правеше Чана излегува дека во исто време ќе донесат на свет нови чувеци, само се чуди зошто нема мачнина како што кажуваат жените, или она ќе биде една од ретките што плодот нема да ја мачи?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)