каже (гл.) - име (имн.)

Дури дедот поп ова го зборуваше сите со нетрпеливост чекаа да го каже името на својот избраник.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На поп Трајка во црквата му каже име „Стојан“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали заборавил да си го каже името или намерно не си го кажувал, туку рекол Од Бугарија сум, од Јамбол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- На линија командантот на магацините... - не стигна да го каже името и чинот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му го кажа името на едно место на кое ќе можат да се сретнат по работа, по четири дена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ивона се претстави уште еднаш. Јасно го кажа името, презимето и градот од кој доаѓа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да му го каже името, Ѓорѓе сам ја пружи раката кон Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со сиот глас, за да може секој да го слушне, главниот ѕидар го кажува името на подарувачот и што подарил.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Откако ќе го каже името на подарувачот и што подарил, му се заблагодарува на подарувачот, бара благослов за куќата, пожелува добро здравје и напредок, пожелува богата жетва, и на луѓето што живеат во куќата им пожелува да добијат близнаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога овој притулено му го кажа името и од каде доаѓа, и дека е инаку рибар на санџак-бегот во Блатието, мостаџијата доби презрив израз: „И сега, доаѓаш да помагаш?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во купето од втората класа, од учтивост или плашливост, тој податливо ги потврдува здодевните зборови на сребренокосиот човек кој патува до некоја блиска станица и кој при слегувањето не заборави да си го каже името: Етхем-паша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И откако нему му се поврати здивот, тие го замолија да им ги каже имињата на сите растенија што ги приготвува, каде ги бере, на кои места и во кое време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ако ми го кажете името на Вашиот висок наредбодател, можеби ќе го препознаам”.  Есесовецот го погледна со изненадување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Некој почука на вратата и по одобрението од Беренц, еден војник го внесе кафето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога проблемот ќе биде разрешен може да си го каже името и дека токму тој навреме објавил - Загадена вода истекува од депонијата?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откога му го кажав името на татко ми многу се израдува. Рече дека се познавале со татета и дека работеле заедно во Белград.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)