каже (гл.) - пат (имн.)

„Доста се двестете мои мамзери за илјада нивни малихери“ со гордост му пишуваше Сефедин на својот бимбашија во Прилеп. Но не излезе така работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еее, им го кажав патот, од кал ги кренав и така да ми вратат!?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Иако понекој имаше да им го каже патот, тие со сила беа земени од тој ајдутин Толета и без оружје одеа, та при првите пушки од аскерот се разбегаа и никаков кедер не направија“ стоеше во долгиот мудуров и јузбашиев извештај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)