каже (гл.) - голем (прид.)

- Пред да ми ја кажеш големата одлука, ноќеска на мира просеј ги сите свои мисли и тоа што ќе остане во ситото утревечер ќе ми го кажеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
50. ЛЕВЕНТ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа овозможуваше да си ги кажуваат големите тајни во нивните животи, што никогаш не го чинеа кон некој трет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Свекрвата ја прашува невестата првиот ден во новиот дом, по долго молчење најпосле и таа да каже голем лаф. Таа мислела, мислела и на крајот извикала: Крава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Често построени во дипломатскиот кор при средба на државници, со двете добри уши ја доловувавме реченицата која на минување ќе ни ја кажеше големиот државник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)