каже (гл.) - нејзин (прид.)

Најмил мој, Еди, не знам дали е потребно да ти го кажам нејзиното име?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа срипа кога го слушна поштарот како го кажува нејзиното име и презиме.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Малечката Пелагија сериозно чекори меѓу нив двете, ама дека срценцето ѝ е полно со радост кажуваат нејзините очи исти како сината срча на небото кои ту се лепат на одвај видливата насмевка на мајка Перса, ту на сериозното лице на мајка ѝ која како да води некој безгласен разговор во себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гарванов изјавувал дека ако процесот се одржи пред претстојното востание, ќе негира сè, но ако процесот се одржи во текот на востанието, тој пред Судот ќе изјави дека е член на Организацијата и ќе ги каже нејзините цели.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кому му подаруваше најквалитетна јамајканска ганџа?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)