каже (гл.) - веќе (прил.)

Зарем не ви кажав веќе сѐ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ајде де! Кажи веќе еднаш, денес ќе ти исполнам и три ако треба... - се разнежни Никодин полнејќи ја испразнетата чашка со ракија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ што требаше да се каже веќе го кажаа нивните очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како месечината што се лизга, поминува покрај мене уморена од повторување на истата реченица: „Е па, мамо, ти кажав веќе стопати... ќе биде кога ќе биде... И ти прва ќе дознаеш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ЈАКОВ: Отсега натаму можам да не кажам веќе ни збор, но не можам да ги немам кажано оние кои веќе сум ги кажал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„... Учествував на конференција на раководствата на заедниците, свикана за да се протестира поради оштетувањето на ’Света Софија‘, една значајна црква во Солун во текот на операциите за неговата окупација...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Па ви кажав веќе, толку пати ви кажав...“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повторно, студениот, неумолив и чиниш заповеднички глас на шифрантот Петар Иваз: - Другар амбасадор, дојдете брзо. Итно е!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не вредеше да се прашува Иваз зошто е итно, тој ќе останеше или нем како картагинските статуи или ќе го каже веќе чуеното во вакви пригоди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Каде се шлаевте вие вчера? - праша Гината меѓу еден и друг потег, како Живко да не му кажал веќе каде сè сме биле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)