каже (гл.) - гласен (прил.)

А бидејќи ја сочува навиката да разговара со своето срнче, тој знаеше многу често во тие неколку дена на тоа живинче да му повторува сè, што сакаше да каже гласно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знам, мама тоа го помислила, ама не го кажува гласно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Седиме како сложно семејство - само баба ја нема.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)