каже (гл.) - зошто (прил.)

Ние, засрамени, не знаевме како да му кажеме зошто сме дојдени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш јас му кажав зошто сум таква!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А ќе кажам зошто. Подоцна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мајаковски сам кажува зошто: за да не се растури стихот!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Едното од нив го скрив јас. Ќе ви кажам зошто и како.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Имено, уште тогаш, уште во пролетта во 1857-та, некои овчари го нашле убиен, и иако никој не знаеше да каже зошто и како, никој и не рече гласно, но сите помислија дека го убил Максим и дека зашто убил пиле, сеедно дали погано или добро, важно пиле, кое ниту му јаде ниту му пие, го стигнала казна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие ми кажаа зошто ова се случува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А сега, по смртта негова, дојдов да ти кажам зошто дојде до караницата и зошто прекинав секоја врска со него.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А јас знам дека и денес, кога во недела на причест нема да се појави некое дете, кое одамна има свои деца, мора да каже зошто отсуствува.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Зошто дојде, сестрице Велико, вели, не ми кажа зошто дојде, не ми се вдаде да те прашам, вели. - Заборавив, велам јас и си заминувам. 85
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Судбина - повели и гледај, рекол победнички Чучук-Андреј.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Значи, кажи зошто по вторпат му се крши колата на нашион пријател Герасим?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им ги покажав дамките на секирата и им кажав зошто дождот се цеди од мојот таван а не низ долгото грло на олукот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И ќе кажам зошто секој да те плука.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Му вели: „Ми избега без поздрав, без да ми кажеш зошто; избега без трага.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Им ги покажав дамките на секирата и им кажав зошто дождот се цеди од мојот таван а не низ долгото грло на олукот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бидејќи не знаеше точно каква помош очекува од О'Брајан, не му беше лесно ни да каже зошто дошле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Смит, бате, да ти кажам зошто те бркам наоколу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, не беше потребно да му каже зошто морала да го завитка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Три месеци подоцна, ПТЦЦ била ненадејно расформирана, без да се каже зошто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кажи зошто... Те молам... - ѝ ја стискаше раката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кажи зошто не се венчавме тогаш?“ „Не, Никола... Не, говори ми сега за тоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Војникот не сакаше да каже зошто сака да знае сѐ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- викна на цел глас Василопулос, покажувајќи со здравата рака кон вратата и веднаш потоа му се обрати на Кузе, - Ќе си ти перименис, ре кокалоглифи, е?31 Не и дозволија да каже зошто ја собираше пченицата, не и дозволија да им каже и за својата болка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога заѕвони шината и луѓето почнаа да застануваат во редици пред казаните таа, држејќи во обете шепи сливи што ги собра вчера, со растреперен чекор, со образи облеани во солзи, оди од жена до жена, од маж до маж и моли: - Земете, добри луѓе, каснете, каснете за душата на Ристо, син ми...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А ќе кажам зошто.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Еден ден, можеби ќе ви кажам зошто...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- А сега ќе кажам зошто сте тука. Ете зошто.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога му кажав зошто сум дојден, го пушти Килета, ама не пропушти да ми рече: - Мајка ти да не знае поубаво од мене да му ја измие главата?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не сакаше да ми каже зошто му е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Но, мораш да ми кажеш зошто толку многу ти се допадна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едно време таа дојде од некаде и ми рече: Миле, зошто толку плачеш, јас ѝ реков грубо – за ништо, а таа седна до мене и ме натера да ѝ кажам зошто плачам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Целиот град веќе врие, вели пашо“, му беше рекол овој на својот измешан јазик, откако му кажа зошто беше дошол.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- А, сакате да ви кажам зошто не читам? – неочекувано праша Огне. – Ако сакате да знаете, не читам зашто писателите не пишуваат интересни книги.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Аман бе, што кажа? – се насмеа чичко Коле.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Под сликата пишува нешто, а Сашо знае дека во напишаното се кажува зошто на мечката ѝ е преврзана муцката, но тој уште не знае да чита.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)