каже (гл.) - порано (прил.)

Тоа беше и времето кога Татко и Мајка конечно се договорија да им ги кажат на своите деца тајните од нивните животи кои, доколку биле кажани порано, можеле да бидат опасни за иднината на децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова беше оној човек кој стариот Елисон го сретна на патеката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не верував во верност, Оче Симеоне. Нели ти кажав порано дека последниот заб гниел во челуста на тој некогашен цар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да беше го кажал порано ова, немаше да го праќам Анѓелета на печалба, а планина, в планина младите да се борат против кучиња!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кинг Џејмс, како што имав намера да кажам порано, беше злокобен човек со руса коса, тежок сто килограми, со лице изгорено од сонцето и розово како октомвриска јаготка, со два хоризонтални пресеци под рунтавите црвени веѓи наместо очи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тука е потребно да го повториме она што беше кажано порано, имено дека станувајќи постојана, војната го промени својот карактер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)