каже (гл.) - или (сврз.)

— Е, да чуеме, коџабаши, — проговори јузбашијата очигледно нервозен од неизвесноста, дали Трајко ќе каже или пак само гледа да помине времето да не оди кај Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слушам од тебе — од мене оти најсна ќе правеле тиа неранимајковци некој бунт, ама кога и каде, право да ви кажа и мене не ми кажуат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поради тоа и она што тие ќе го кажат или напишат добива многу поголемо значење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа што ќе го кажеш или сториш не е важно: само чувствата се важни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ти си мислиш“, рече тој, „дека со оглед на нашата намера целосно да те уништиме, така што ништо од она што ти ќе го кажеш или ќе го сториш нема ништо да измени, - зошто, во тој случај, се трудиме толку многу прво да те сослушуваме? Тоа го мислеше, нели?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тишината крие двосмислени пораки кои често може да бидат декодирани само од зборовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тишината може да се смета и за највисок домет на јазикот, тишината може да биде составена од зборови кои не се кажани или запишани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Е па добро, а на твоите ќе им се јавиш ли да им кажеш или јас да им се јавам!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не знам дали да му кажам или уште малку да го држам во неизвесност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко често целото семејство го собираше во својата библиотека кога имаше нешто значајно да ни каже или кога требаше да го наложи молкот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите имаат нешто да кажат или да прашаат и никој никого не стигнува да го дослуша“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во спомените што ни ги оставиле повеќе видни раководители или ништо не се кажува или сосем малку и површно се зборува за Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ќе ме каже или не ме кажува?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, никој не почувствувал потреба прво да се консултира со мене и да побара некој совет што да каже или како да го застапува размислувањето што беше во основата на мојот, признавам, нов пристап кон анализата на машката геј-култура и на машкиот геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кои беа тие луѓе и од каде, не знаеше да ни каже или многу знаеше и не сакаше да зборува со непознати?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога Борхес, уште 1935-та, напиша дека од Хомер сите метафори се забележани, додавајќи понатаму: “тоа не значи, се разбира, дека е исцрпен бројот на метафорите; начините да се кажат или навестат тие тајни блискости меѓу поимите се покажуваат, всушност, како неограничени”; тој со ова го истакна темелното начело на теоријата на руските формалисти, и го поттикна Џон Барт да го напише својот сега славен есеј “Литературата на исцрпеност”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неодамна ископав еден негов необјавен говор кој го оддржал 1945-та за да му се заблагодари на Аргентинското друштво на писатели на Почесната награда која му била доделена како знак на извинување затоа што не ја доби Националната награда за литература онаа година кога ги беше објавил измислиците. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 215
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сепак, неговото книжевно дело е само преработка на претходни дела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конечно, поради неговиот невидлив и строг стил, тој стана - како што рече Карлос Фуентас - некаков вид на татковски лик на современиот хиспаноамерикански роман.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)