каже (гл.) - како (сврз.)

Тој тебе навистина ти кажал како што велиш, ама дома рекол инаку: за да не му се случело нешто лошо, ќе го пуштел Лумана по друг пат да помине.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ич не ти кажале како изгледа Нероден Петко?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ги викна еден ден и им кажа како тој знае дека тие сепак Мартина го задеваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Кажи ми, рече Роден Мегленоски. - Ќе ти кажам, рече Дуко Вендија, ама ќе ти кажам како што ми кажуваше мајка ти, Велика, и како што ми кажуваше татко ти, Јон, и како што ми се кажуваше мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)