кажува (гл.) - оваа (зам.)

Ви ја кажувам оваа историја, за да сфатите, о бедни, за какви подвизи се подготвуваше отец Стефан, откако сочини букви едноставни, што ги разбира и логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сите заедно, и тие што ја кажуваа оваа приказна, и тие кои не веруваа ни во неа ни во јанческата, нетрпеливо очекуваа да дојде сабота па да чујат какви гласови ќе донесат од Прилеп неколцината одредени да отидат таму за по аништата, кај роднини и светијони да се распрашаат за Бошета и ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не знам колкупати го терав да ми ја кажува оваа приказна татко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ја кажуваа оваа приказна без солзи, без гнев, со рамнодушност каква што само уште има кај монахињи и монаси по манастирите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)