кажува (гл.) - дека (сврз.)

Одоколу, јас божем да не разберам, си кажуваат дека сум готов.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Знам“, вели, но начинот на кој го рече тоа и како одмавна со рацете, кажуваше дека е тоа само обид да се одбрани од моите зборови на кои не веруваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога сфативме дека таа овој пат нема да се врати (татко ми и сестра ми малку пред мене) почнавме да разговараме за тоа што нѐ мачи. За неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И постојано си го поставувам истото прашање дали ќе брзав да пораснам, ако знаев дека толку многу ќе ми недостасува патот од Мичурин до Градскиот парк на рускиот велосипед и топлиот здив на дедо ми во мојата разлетана коса? In memoriam Дедо ми Борис Кривошеев секогаш кажуваше дека за жената смртта е награда во споредба со тоа да биде силувана или да ѝ го убијат синот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Утрото на децата им кажуваат дека сестричето им умрело.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Само булукот кажуваше дека може да си го најде чарето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите извештаи што идеа, а тие идеа со помошта пак Толева, кажуваа дека аскерот систематски го претресува секое село, секоја куќа, та дури секоја смрека и грмушка по мегданот и прави неопишани зулуми над населението.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Башчаушот Шарен Мустафа му го даваше јадењето на секого та и на Горѓија, и му кажуваше дека оној мариовец, што излезе му го носи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од извештаите на Едмондс било сосема јасно дека „некомитаџиските села силно го поддржуваат СНОФ“ и дека во своите настапи пред селаните “им се кажува дека кралот е одговорен за репресивните мерки на Метаксас спрема Словените и дека под Еамократијата тие ќе имаат еднакви права со Грците“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И студот што се беше вселил во колибата кажуваше дека поминала една студена, ведра ноќ. Ведра, што се однесува до небото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кажуваат дека судските стражари го спровеле во едно далечно пусто поле, да живее како туѓинец и да ја издржува казната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се јавуваше само пред да започне војна и само додека траеше војната, па според неговото бучење, то ест јачење, луѓето претскажуваа колку долго ќе трае војната и колку крвава ќе биде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, таму кај што се вливаше Алинска Река во Бучинско Блато, нешто подолу од утоката, кај врбите на Свето Враче, во најдлабокото, веруваа дека се сокрива некаков ѕвер, за кој кажуваа дека има мали куси и дебели нозе, кој е мрк, то ест по целото тело обраснат со сива мов, жителите на Потковицата и жителите на сите околни села го викаа Кобникот или само Бучалото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога се спушти по скалите на визбата, не сакајќи застенка, нејзиното мајчинско срце ѝ кажуваше дека се случило нешто лошо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Осоколен од љубопитните очи на девојчињата, кои со нетрпение очекуваа да дознаат зошто сум ја зел скалата и каков мајмунлак сега готвам, го презедов најинтересниот подвиг сам со себе, оти човек себеси треба да се запознава цел живот, оти може многу повеќе да стори одошто мисли дека може, и одошто општеството, преку дипломи и документи му кажува дека може.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сум бил тој што треба да го предава. ‌Цел живот ми кажувале дека немам врска како да бидам геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднаш кажуваш дека е опасна, а еднаш полезна! Како да го сфатам ова? – се побуни Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А тие ни рекоа на сите да им кажуваме дека таму во Браилово сите деца се живи и здрави, дека се облечени во нови алишта и дека спијат во кревети со бели чаршафи, а јадење имаат колку душа им сака...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кажуваше дека навечер, од собата во која спиеше Хајнерле, се слушало нешто како шепотење, или како пеење, или како липање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога влегла во собата, видела како неговите усни бавно се поместуваат, испуштајќи едвај чуен звук, како да пее нешто неразбирливо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рајнер полека се приближи до креветот на кој години пред тоа седеше неговата мајка додека му кажуваше дека на него го родила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сириецот се испулува со зацрвенетите, тркалезни очи: - Кажуваа дека во коњот влегла душата на измачениот Евреин.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И уште ни кажуваш дека сме ти прираснале за душата, дека си се приврзал за нас до толку што си бил решен, ако треба, и таа твоја бесмртна душа за нас да ја дадеш...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И уште им кажуваше дека меѓуетничките односи се столбот, темелот на кој се потпира стабилноста и иднината на оваа држава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Штипкањето на студот кое кажуваше дека температурата паднала под дваесеттиот и некој степен го сети само на носот и на горниот дел од образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ако биде чиста и внимателно испишана, тоа ќе кажува дека си добра ученичка и сите ќе се гордееме со тебе.“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Нејзиното искуство ѝ кажуваше дека родителската врска исконски останува нераскинлива. ѝ беше сосема јасно дека еден ден нејзината внука, без разлика на далечината и времето, ќе посака повторно да го почувствува тој мирис и да се огледа во неговите очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во шталата остана само една крава и писул обесен на шајка кој кажуваше дека другата ја дал на партизаните.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пулсирачките поткревања и спуштања јасно кажуваа дека и физичката и духовната болка се беа заортачиле, зголемувајќи ѝ ги страдањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само што ја направи оваа брза анализа пред вратата се појави ведра жена во полн налет на зрелоста чии телесни атрибути кажуваа дека држела до себе , ни грам вишок килограми, ниту една брчка на лицето; веројатно негувано со скапа козметика, помисли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Госпоѓо Рада! - Бледилото му кажуваше дека нешто не е во ред.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го имаш телефонскиот број и тоа кажува дека ти сега си на потег.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дуковица ми кажуваше дека еднаш и јадел и пиел цигара. Ама тогаш многу се засркнал. Со чадот и трошки му залетнале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Маса Ќулумоска кажуваше дека сама ѝ ги избришала солзите на Богородица од иконата во камарчето. Ја одврзала шамијата од глава и ѝ ги избришала солзите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И уште ѝ кажувам дека леунка до шест недели не смее надвор да излегува, оти шест недели гробот ѝ е отворен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И уште ми кажува дека треба да извршиме попис на луѓе и на добиток, на живо и на мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој не кажува дека се плаши, ама стравот што се гледа на нас се гледа и на неговото лице. Како сенка му се мрешка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа се рашириле по селото секакви прикаски: некои кажувале дека загинала од безмилосни насилници, некои дека му се вратила на родното место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И по Богородица ја снемало - отишла по патот на своите претчувства.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Немо бара одговор. Му кажувам дека тоа не е ’рѓа туку исушена крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ни кажуваа дека Југославија беше меѓу четирите земји во светот кои произведуваа подморници, се разбира покрај авионите, тенковите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нешто му кажуваше дека Тилотсон сигурно работи на истата задача.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но сал мечката ли, во сказната, човекот го кори: "Тепај ме, но не кажувај дека ми смрди здивот!"...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Баба кажуваше дека некои момчиња од нашето село се искачиле до таа ливада.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ама не ми е жал. Нели ти кажував дека си го нејќев огненото име.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Од куртоазија ѝ кажуеш дека никад боље не изгледала и следи рецитација.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој ѝ кажуваше дека кризата сега е уште потешка. Подлабока.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Му кажуваа дека е тука и Добра, сестрата на Пелагија, со малечката, мајката на Ангелина, Тина Гледачката, која сѐ уште е избегана малку... оти видела цела чета глувци како излегуваат од нивната бишка, а за Ангелина, велеа, не знаеме ништо, само се надеваа дека и таа ќе приправи, што ќе прави ваму сама, телото се исушува како слива и после оти саде коска ја фрлаат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од нив ништо не е сочувано, само Дневникот кажува дека постоеле.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кажуваат дека денеска пристигнале на скопската станица, дека не се само тие, моето семејство, туку дека има многу вагони полни со семејства.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кажува дека таму сѐ уште имало место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Му кажуваа дека се тука и попот, оној што ја отвори црквата на горниот крај од селото во која сега живее Доне Ќосиот, му велеа дека е тука и Тушимката, онаа што си го криеше мажот, кутриот, во долапот за да не го земат партизан, ама таа, знаеш, бесоите си ги стишувала со попот, и додаваа Пак со Господ напред ќе се враќаме, дедо Костадине!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ми кажуваа дека џандарите ги бркале и ги гонеле децата со кикиритки в затвор. (Пристига група млади печалбари пеејќи): Гледај ме, гледај, либе ле Цвето!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ДЕВОЈКИТЕ: (Пеат тивко) Дал ми ти говорев, море девојче, не оди рано на вода, чешмите ни се, мори, далеку...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Но по некој ден, овчарите пак внесоа возбуда кажувајќи дека ја виделе со две мечиња по неа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ѝ кажуваше дека од истата болка боледувала и Ксенија Римјанка кога била девојка и Марија Египјанка, но собрале сили, се совладале, се откажале од сѐ и се покалуѓериле, му се посветиле на бога - и станале светици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Фреската во манастирот ни кажува дека и ангел и ѓавол имало во нас... И добро и зло...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Му кажуваше дека го открил излезниот пат од Беломорскиот канал. Морало да постои тој пат!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кутриот. Тој беше оној палавџијата што кажуваше дека бил од некоја Стара планина, сели или град во Бугарија, господ ќе знае.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не ја потсетува зошто таа не дошла да го донесе Дончо на првиот час во училиштето туку ја испратила Митра, не почнува разговор за тоа што децата не се во едно одделение а не ѝ ни кажува дека на Пеличка ѝ се падна една многу добра учителка, Како онаа од Долнени, сакаше да проговори.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
______ 7 Пелагија не ќе се ни сетеше дека наближува Голема Богородица ако мајка Перса не споменеше патем додека пиеја кафенапред во дворчето околу малечкото масиче, додека Пела клечеше пред Мурџо малку потаму на патеката и го караше што не оди да си прошета, таа е веќе голема, ете уште неколку дена и ќе оди на училиште и тој таму не ќе смее да биде со неа оти кучиња, мачиња и други животинки не пуштале да седат со децата, навикни се да бидеш малку са, му велеше и нејзиното гласче одвај стигнуваше до ушите на Пелагија за да ги покријат зборовите на мајка Перса која кажува дека по четири дена ќе биде Голема Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дејан ми кажува дека носот му бил најубавото нешто на неговото лице.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не ме слуша како ѝ кажувам дека е шмизла и легнувам да спијам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ама, мене нешто ми кажуваше дека пак ќе те сретнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од македонскиот клуб ми кажуваат дека почнал големиот лов на луѓе и на Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
7. Ја минавме границата и на другарите им кажувам дека во Битола не ме пуштија да си го видам детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И маската што е маска, не кажува дека магарето ѝ е татко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми кажуваат дека за тие неколку научени српски збора ги затвориле како ревизионисти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не му кажувам дека и јас вака сум викала по него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оливера Поточка пред сите кажува дека е трудна и дека не сака овде да го роди, а на Филип Хаџиевски одново му се одзема умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му кажувам дека може и тој ја појавува главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И народната поговорка која гласи: „Првин добро испечи, па потоа речи“ ни кажува дека треба да внимаваме што зборуваме, како зборуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ми кажуваше дека има Господ и дека тој нè гледа, а и мајка ми дека ме гледа, но дека ние не можеме да ги видиме. Оттогаш почнав да си фантазирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кажуваат дека таа клисура на Вардар е чудо божје, а тие високи и стрми карпи се седела само за орли.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ами ако тоа кажуваше дека и наградата ќе биде поголема?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Има различни хороскопи. Но мојов, ете, кажува дека си риба. Роден си во цутар, така?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)