камени (гл.) - плоча (имн.)

Во дното мала приземна куќичка, соѕидана од камен и покриена со камени плочи со напред врата и мал прозорец затворен со капак.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во црквичето тишина. Саде чекорење врз камени плочи - до пред олтарот, до пред Распетието Христово.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Музиката постојано оди горе-доле, но не веќе по оние камени плочи кои се 5,7 или 12 на број или во четвртина тон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На Рада ѝ се заковаа очите во големиот долап од кој беа „исфрлени“ камени плочи, а на секоја од нив стоеја стари петли, ѓуѓуми, котлиња, самовари, стари мелници за кафе, стар австроунгарски шлем, и што уште не. Цела мала музејска поставка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ги гледаше неговите огромни камени плочи и блокови, не можејќи да се начуди како се нашле од разни предели во оваа тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од тие букви што ги правеше Даскалот на црните камени плочи имаше направено едно чудо, ама овие денови тој работеше повеќе на две плочи, за некои велеше ќе ни требаат за Водици.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)