капе (гл.) - од (предл.)

Си ги гледам рацете: крвта ми капе од едната дланка во другата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ тераа да вршиме трње, вели, боси нѐ тераа да трчаме по трњето, вели, оптежи, приврши, те удираат, те дупат, јаго, јаго, а крв ти капе од стапалата, оптежи, приврши, нѐ сакатија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никако не оди: крв ти капе од лицето. Такво беше сакањето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И затоа, не облекувај туѓи чевли или ќе ти ги стуткаат прстите на нозете и плускавци ќе ти се наредат по петиците, па кога ќе ти пукаат, сите ќе ја видат крвта што ти капе од меурите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На албумот што го држеше Богдан пред себе на масата, наеднаш заудираа јадри капки дожд што капеа од таванот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мене очиве ми капат од срам. Не знам кај да гледам. А и нему очите не му се за гледање. Му излегле ко пукала, надвор ќе му испаднат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мурџо ја крева главата и ја гледа зачудено или така ѝ се чини нејзе поради слабата светлина што капе од сијалицата врз вратата?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Го прашувам дали знае што капе од таванот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)