кара (гл.) - дете (имн.)

Додека водоводните цевки се тресеа под напон, Боге ја замислуваше под тушот како што ја гледаше често: примижана од густиот сноп капки, си ги приподига градите да одмери колку ѝ виснале, поминува по половината да насети дали се здебелила или не, па се удира по задникот со истите раце како да кара дете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Онака, од страна како таа сцена ја гледаат Митра и Петра, се чини дека мајката си ги кара децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)