качува (гл.) - угоре (прил.)

Ете, тоа беа околностите што ме насрчија да го преземам одлучниот чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и овде, на скаливе, додека седев пред нашата влезна врата, слушав како тој плач постојано се качува угоре заедно со сите оние гласови од месарницата што бавно но упорно ја освојуваа куќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ти наеднаш ги отвораш очите и со онаа твоја детска насмевка велиш дека ти не си јагнето што му ја мати на волкот водата од поточето бидејќи си пиел подолу од него, а водата не се качувала угоре и дека не даваш да бидеш изеден. Умното сине на мајка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мала патека, послана со гнили лански лисја и корупки од буков жир, благо се качуваше угоре.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)