кине (гл.) - од (предл.)

Си кинеа од манџата, што се вели, од јадењето свое.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И облеката ти се кине од студот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ништо, јас така само си се собирам, ко гасеница во кожурец и молчам. Си ги подголтнувам зборовите, навредите, сѐ. И се кинам од работа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зли усти имитираат кучешки лаеж, стар барабанџија со темно маслинесто лице, бронзени усни, налик на статуа, го кинеше од мене злобното завивање на омразата кон излитено пријателство од автодеструктивни пориви...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
КАТА: Сега, татко, веднаш! (Кине од низалките и им фрла на софрата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Додека Дедо Мраз расплетувајќи ги јажињата се јадосуваше извикувајќи „Ајде, ајде“, принасобраните вештерки се кинеа од смеење и задоволство.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)