клава (гл.) - во (предл.)

Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За некаква варена готвена храна немаше време, но сепак огновите се запалија, барем по некоја пиперка да се запече, лебецот на жарот да се затопли, а што е најглавно, да светне троа пламенче колку да не си клаваат во ушите овие бедници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога горна за спање навеждаше клепка, А мајка те клават во малка колепка, На мека постеља, на мека перница, Под нејна пазуха заспиваш как птица.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На дванаесетата страница следуваше практичниот запис За варење самварен сапун...се зема 10 килограми чист лој се клава во казанчето а после се зема 2 литри и ½ вода и се растворва во водата 1 и ¼ камена зода и се турва од таја размлачена вода во растопениот лој и тоа се кува еден сат после еден сат се турва уште 5 кгр и цела вода се остава да вари 2 сати а сетне се фрљае 2 – 3 грсти сол...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
АРСО: Ајде де, и да кашлаш, се рече сто пати: не е ред да се враќа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
(Ја клава во устата, ја запалува со својата и му ја подава на Теодос.) Еве, ти куме, завиткана и запалена!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тој извлекува со два прста еден грош и му го клава во раката на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
ДЕПА: Кому му се клава в уста!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Коа разбрал царот оти толкуа дни 'и пасло момчето зајаците и токму му биле, се уверил оти ќе 'и допасит до четириесет дни и ќе му ја земит ќерка му.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Оде сја ќи влезе во персијскиот цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Му викат најнте, официрте, командири што му беја: - Как - рече - велики царе, ти ќи одиш тамака.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не бре, брате, не се јаде никак, не се клава во устата.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Земајќи момчето четириесет зајаци, еден по еден од рака на царските измеќари за да ѝ клава во една одаја, му испрекршил на секој зајак по една задна нога, за да не можат да избегат и си ѝ отерал в планина да 'и пасит; си 'и пасил неколку дни и царот пуштил луѓе да видат дали 'и имат сите зајаци.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама за муурот не знаел царот што му го удрил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Стига да го поткренеш стаклото кон светлината и златото ќе те огрее.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кутрите Евреи, најчесто, велиш, своите скапоцености ги клаваа во ѕидовите, во тегли?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И ме боли, многу ме боли, вели, и главата ми ја клава во менгеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)