кладе (гл.) - во (предл.)

Ако преживееш напиши книга!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе се кладам во милион дека ќе биде поголем бест-селер од Џеки Колинс! (Кон Кени) Кени, Тики сигурно некаде има вазелин!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оттаде ме зедоа, ме кладоа во една бакалница, во чаршијава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Толе се одмори кај посестримката Неда до кај ужина, Бојко и другите другари кај Босеа, та станаа, и уште со видело ги нарамија пушките и сакмиите, си го кладоа во торбите печеното мевце, мазниче,што им остана; Толе си го јасна Белчета и излегоа токму нагоре по дирите на муљазимот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите се чудеа на оваа постапка. Излезе работава не муљазимот да го бара Толета, ами Толе него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што остана го кладоа во торбите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сивевица се израдува, и се исплаши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како секогаш и секаде, Толе извади триесет лири од мудуровиот ќемер и му ги даде на Тодора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го кладоа в постела: Неда по тажачки прати, најарни тажачки в село.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Едно затворање во аргачот, запалив оган, се стори жар и по еден жар кладов во дупките од кучешкиот апеж.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе му речам: "Ја, колку богат бил царот, колку чеши ми даде вино и чеште ми ги остави у џебот да ги земам!# И царот се усрами, му даде уште една чаша.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Поодил пишман аџијата некој саат и си собул јемениите од нозе, та си 'и врзал за појас.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вој цар Александар си ја испи чешта, си ја кладе во џебот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Оде, што оде до некое место и му текна, та изваде едно јаболко од пазуа и го пресекол да види дали е вистина тоа што му рекло сонцето.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Добро!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ооо, аџи, добре дојде, аџи, море што вака, аџи - побрго дојде одошто ојде? - му рекле сите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Откоа чу тој збор момчето, стана и појде в бавча, та скина три позлаќени јаболка, си 'и кладе в пазуа и се упати за долна земја да си иди дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Го затворил тевтерчето и го бакна кадијата, та го кладе на глаа за голема чес да му стори и го завитка во трите мушами, та си го кладе в пазуа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Може тие и да ме отруја. Којзнае што ми клале во ракијата: лута вода, отров, сода за сапун.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И Крле стана и напиша писмо. Неда го прочита десетина пати, го измилува, го избакна, особено потписот и го кладе во малото ковчеже каде што стоеше исушена првата китка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го испекоа нашите домаќинки дробот од петелот, а месото го кладоа во едно грне да се вари.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На првата редовна служба Петко беше ракоположен за ѓакон, утредента за свештеник, и откако владиката го испраша дали ги знае сите поповски марифети, а особено откако ги брои Трајко дваесет и петте златни лири, нашиот Петко ја кладе в џеб „грамотата", си ја наметна шапката што му ја купи самиот коџабашија за спомен и си дојде в село како вистински поп.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еве, ја, — нема ја, еве ја — нема ја, ги кладе во гајле луѓето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Решија и отидоа, но кадијата не сакаше ни да чуе за некакви привилегии, а поднесените фермани си ги кладе во џебот со една иронична насмевка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јајцата ги смести во едно кошниче со слама, а шишето го кладе во торбиче и го обеси на самарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Евто го извади ќесето со тутун, го наполни лулето и го кладе во устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кога се готвеа за селење внимателно ја завитка во мека хартија, ја кладе во училишната чанта - и еве, ја зачува цела.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)