кладе (гл.) - да (сврз.)

еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Доста си го надои девојчето, си го кладе да спие и се зафати и таа со нејзините манџи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата Митра си ја знае својата работа. Рано ќе меси, крмакот ќе го нахрани, вода ќе залее, тиква ќе кладе да се свари, слама ќе извади, вечера ќе пригоди и денот поминал.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Не се врлави, туку клај да јајме... - и подвикнав, заборавајќи ја заклетвата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
60. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа влезе со еден филџан и полно гезве „сааде“ кафе, а Адем го кладе да седи до него на миндерлакот и почна да го гледа право в очи: — Е, Кате? Слушна што зборував јас со чорбаџи Јован, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)