клечи (гл.) - пред (предл.)

Бабата Каља Тушева, редовна и најрана посетителка, веќе прави метании пред Богородица и ѝ се моли да ѝ го поживи сина ѝ и внучињата; дедот Бале — и тој му пали свеќа на Ристоса и го моли да му ги прости греовите што излага толку моми и невести за мажење и што зеде некоја и друга лиричка од такви како Илка Сукала, дедот Мисирлија — не може да најде невести за синови му и почна редовно да доаѓа в црква и да се моли на сите светци; на бабата Цвета Батанџиева невестата ѝ нема малечко еве седум осум години, та и таа клечи пред Богородица и ја моли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Една старичка клечеше пред една исповедалница, не се слушаше што говори, за што се исповеда...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што требаше да биде тоа „Ќе ви...“? Ќе ви покажам јас вам, или ќе ви дадам отров, или ќе ви ја заебам мајката и сестрата и сѐ живо и мртво, или ќе ви стокмам слика од мене да се крстите пред неа, или ќе ви го сторам ќефот, ќе ве најадам и ќе ве напојам, или ќе ви ја земам силата, и така обесилени, ќе клечите пред мене и, тресејќи се, ќе молите и ќе чекате, оддалечени долу, под моите коленици.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој ме молеше само да ја извадам кошулата од панталоните и да му го покажам стомакот, клечеше пред мене, со раце подготвени за молитва; јас му велев да не лудува, да се смири.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред мене избезумените воини, попови, професори, студенти клечат пред неумоливата рака на оганот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во црквата беше тивко. Мијале клечеше пред олтарот и со стиснати дланки на ушите го лепеше челото на камениот под.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Арсо Арнаутче веќе ја држел за рака, бил стапица што не го пушта подарокот на ноќта. Воздишки. И шепотење. - Излези, нема никого.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Пред мојава куќа секогаш има некого. Ноќе секакви суртуци клечат пред прагов. (Арсо Арнаутче секако ја зграпчил за рака.) Пушти ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самата Богородица како да ги потргнува луѓето и ја остава Пелагија со наведната глава да клечи пред неа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија клечи пред Перса со нурнати очи во колената.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија има станато од своето место и клечи пред скутот на Перса, а солзите капат долу на килимчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Знам дека ми прости и дека денеска клечиш пред мене од благодарност што си имаш едно прекрасно суштество, плод на еден срам, ама го сакаш и ќе го сакаш со целата своја љубов, оти е дел и од тебе!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Битието нивно, всушност, многу страда: што сонот им е полн со кошмарни слики исто како нивното јаве, а за капка љубов молат, клечејќи пред самите себеси во нивниот сопствен манастир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И така: едниот - платица, другиот - плужица, платица, плужица, шарена марена, татко си делка, а Давиде клечи пред него, се чуди и не знаеше дали не знае или само се инаети.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)