клука (гл.) - во (предл.)

И кога ќе ги слушнев неговите чекори во ходникот, легнував на мојот кревет, го навлекував над мене чаршафот како што некогаш правевме заедно – држејќи го со прстите над главата, и наместо некогашната радосна опиеност, чувствував како болката ме клука во градите, како се обидува да дојде до моето срце. 3. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја мразев својата пречувствителност, треперев и посакував да можам да си го задушам треперењето, се самосожалував и си го мразев самосожалувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
При тие понижувања молчев, и чувствував како нешто ме клука во градите, тоа чувството на отфрленост го зариваше својот клун во она што трепереше во моите гради, а она клуканото плачеше со плач на новороденче оставено само, на кое му се чини дека исчезнал сиот свет околу него затоа што пред своите очи ја нема мајка си; така плачеше нешто во мене – јас не плачев, само некаков израз на мачнина ми го гмечеше лицето, како околу вратот да ми беше обесен камен и да бев осудена со него така да врвам низ детството а и потоа; го среќавав тој израз секојпат кога ќе се погледнев во огледало.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека така лежев во полусвест, чувствував како нешто ме клука во градите, како да сака да дојде до моето срце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие вечери од легнувањето до заспивањето со затворени очи лежев свртена кон ѕидот, чувствував како во мене отчукуваат, со едноличен ритам, болката и стравот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сенките, со своето навестување дека можеби и ние сме сенка на некоја суштина која ќе ни остане тајна сѐ додека не ѝ се вратиме, се дел од оние чуда на секојдневието кои најчесто остануваат незабележани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како да сме се дозбореле, се најдовме во самопослугата: секој имаше по нешто да купи за утре, за на есенската прошетка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сонцето веќе одамна беше зајдено - смирена есенска квечерина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Полека одевме накај дома, мислиш смирени како квечерината, ама нешто клука во нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)