колне (гл.) - дека (сврз.)

Тој стана, клекна пред иконата, трипати се прекрсти, велејќи: - Пред тебе, мила и милосрдна Богородице се колнам дека се што ќе ми довери Ѓорѓевица, ќе вратам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се колнам дека ќе бидам пример на добро однесување кон мојот народ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И тебе и сите вас ќе ве потсетам: Јaс, чедо на народот на Грција и борец на Демократската армија на Грција, се колнам дека ќе се борам со пушка в рака, ќе ја пролеам мојата крв и ќе го дадам мојот живот за да го истерам од мојата татковина и последниот странски окупатор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговите другари не можат да дознаат ништо за него, и се колнат дека ќе го одмаздат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
После затрудне сестра му од некој коњички поднаредник а тој во богословијата ја остреше својата кама и се колнеше дека ќе го убие тој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Тој се колнеше дека мајка му е гулабица, а кога го сплеткавме пцуеше исто како овој.“ „Но тој проповедаше дека Господ ќе ги претвори сите луѓе во нешто - смешно, не можам да се сетам сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ти се колнам дека и јас тебе ќе те убиев во првата година од нашиот брак ако поверував во такво нешто за тебе.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Кети, ти се колнам дека не можам да ги поднесам змиите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Даниел! Што се случува со тебе? Ти се колнам дека ништо лошо не сторив. Мора да ми веруваш.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се колнев дека ќе издржам, дека ќе го дочекам денот кога ќе доаѓаат во замелушена глутница да бараат покајнички и со муцки на уловени јазовци прошка. Од него. И од мене.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ха, и пред тебе ли сум се колнел дека ќе замавнам на некого со нож?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега, во овој миг, се колнам дека ќе ги убијам сите лоши чувства што ги сетив во оваа година.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ценетиот поп бил уверен дека тие што избегале не биле преплашени зајаци со трепетливи муцулиња чија животна смисла станала кожата и крвта под неа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отстапил малку пред налутениот челник и со прст повлекол невидлив крст преку челото. И се згутавил под лита наметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се колнел дека тие луѓе не бегале да се покријат со сенка и да се заградат со тишина, далеку од секаков шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Видовит сум, Онисифоре. Ти се колнам дека го видов и дека знам што нè чека ноќва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секако ѝ било смешно или одвратно да се огледува во голите полжави за кои акробатот се колнел дека се очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се колнев дека ќе издржам, дека ќе го дочекам денот кога ќе доаѓаат во замелушена глутница да бараат покајнички и со муцки на уловени јазовци прошка. Од Него. И од мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаев дека моите џебови се празни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа ги кренав картите таму од каде што ги земав и се колнев дека никогаш веќе нема да ги фатам в раце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога останав сам, застанав пред огледалото и од јад си изназборев сè и сешто.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми се колнеше дека лично го украл од англиските складови.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Единствена на светот?“ „Се колнам дека е така!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)