концентрира (гл.) - во (предл.)

Исто така во текот на оваа ноќ, 107-та бригада и телата на артилеријата на Штабот на Западна Македонија и по можност и 14-та бригада под општа команда да се концентрираат во реонот Гинова - Пиљкати - Краставец - Чрно, да обезбедат силна одбрана на линијата Гинова - Слепецумено - Краставец - Чрно и тоа се до 21 часот на 20 август.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Според наредбата на Главниот штаб распоредот на силите и редоследот според кој ќе се повлекуваат единиците изгледа вака: уште во текот на оваа ноќ, 103-та и 16-та бригада, оставајќи на позиција по една чета со цел да дава што посилен отпор без да ја жали муницијата, просто да пука со непрекинат оган, офицерската школа на Главниот штаб и артилеријата на 670-та единица под една команда да се концентрира во реонот на селото Слимница и шумата Белца.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)