копа (гл.) - земја (имн.)

Тој лежи, а до него кучето, Чако, квичи, завива, гребе со ноктите, копа земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кучињата гледаат, копаат земја и ги пикаат главите во дупките. Се ладат. Кутри кучиња, што дочекаа!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оној под него и ранет ја издржал тежината. Ја копал земјата со нокти во пребавното подавање кон една од пушките и се влечел по црвеникавата земја чеперок по чеперок со мачење на гасеница во чија жолта крв се шири отров од осина боцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нѐ викате на ударничка акција. Да копаме земја, а ние копаме длабоко во историјата за вас. Да се спасите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А солта, пустата, ни се сади, ни се вади. Кај ќе ја најдеш? Некои одеа, бараа, копаа земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се олабавило, со цело лице се обидело да го побара својот убиец стреснувајќи се од темната врелина што му џбурнала од полуотворената уста и со расширени раце, чиниш со мртвото тело, сакало да го заштити оној што можел да му биде татко, заштитник или учител на вакви сурови часови, паднало врз прпелкавиот грч.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)