копа (гл.) - око (имн.)

„Добро“ рече Онисифор Проказник. „Ќе го бараме кога ќе се раздени. А кога ќе го нјдеме, судете му - кинете жили и копајте очи.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Осип Сечковски кашлаше и плачеше. „Тој го убил моето воле со моја вила... Утре пак ќе си каснете пресно месо ...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеле да се зграпчат, секој со крвави прсти да му ги копа очите на другиот, а некои од другите подоцна кажувале дека и едниот и другиот Онисифор го сонувале пред тоа покојникот Дмитар-Пејко, жив и со живи прикаски на танките усни за она што ќе се случи, навистина за она што се случило подоцна на патот од Кукулино кон нигде и на пат од тоа нигде кон селото со седумдесет и шест куќи, најубавите од камен врзуван со вар, повеќето накривени, плитарски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Бездруго, рекол првиот. - Пепелта на човекот е пак тој самиот, пепел. - Кога ќе те сторам пепел, пак биди тоа што си сега, рекол вториот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тој им ги копаше очите на сликите во Одборот, еднаш кога не бев сенка. Повикав гостин.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Кој? - Па тие што ноќе си ги копаат очите некаде ... - Никого не сум видел ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)