користи (гл.) - го (зам.)

Интелектуалната елита, на своите кридвишки вечеринки, ослободена од секоја интелектуална загриженост, користејќи го алибито на рушење на еден авторитарен режим, долго ја приготвуваше својата конзервативна, уште поавторитарна револуција, и на новата уривачка („антибирократска”) сила не само што не ѝ постави цивилизациска форма ultima ratio туку ширум ја отвори вратата за понатамошна варваризација на општеството под владеење на unico ratio, единствениот разум. Маргина 36 31
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А Рада користејќи го мигот на смирени емоции полесно почна да ја отвора браната со цел да се намали притисокот кој веќе со денови ја притискаше како тешка мора.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Танаил користејќи го правото на жалба, го обжали решението на судот со кое му се наложуваше да му ја плати на Китан штетата за куќата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Користејќи го овој „среден пат“, се трудевме и посакуваме оваа студија да стане еден вид прирачник, или водич за водење работни судски спорови – кадешто „обичниот“ читател, преку позитивни примери и инспиративни искуства од праксата, истовремено ќе може да се запознае и со основните процесно-правни поими кои се среќаваат при водењето на речиси секој судски случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше нешто пресметано во тоа: таа ќе ме донесе кај нив, користејќи го тоа што јас ја сакам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овој договор грчкиот парламент не го усвоил. Исто така реагирало и Кралството СХС.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Користејќи го договореното со Нејскиот договор (1919) како и договорот во Севр (1920) за заштита на негрчките народности во Грција на 29 септември 1924 во Женева, Грција и Бугарија го потпишале договор т. н. “Калфов-Политис” со кој Македонците под Грција, грчката влада ги признавала како бугарско национално малцинство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Токму тука е она што Гедел го открил користејќи го математичкото резонирање за истражување на математичкото резонирање.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
3 ДЕЛ: СПИЈАЧ Пример 2 Минатата година уметникот GILCHRIST во еден перформанс во живо експериментираше со спиење и соништа користејќи го своето успиено тело и телата на соработниците.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да ја споредиме, на пример, неговата Стомачна скулптура и мачното истражување на телесните отвори со помош на ендоскоп на Mona Hatoum. (...)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Користи го талентот да насликаш или напишеш нешто.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Или навистина стануваше збор за неразјаснетите текови кои користејќи го нашето невнимание не туркаат по некој пат за кој можеме да тврдиме дека не бил некоја наша свесна определба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На сонувачите препушти им ја темнината Во волшебната соба користи го секој миг Следи го слонот во прошетките по градината (Стереотипот не е водич туку послушник) Јавето ја користи светлината за да го исмее мракот Патеките на распрснатите илузии се грди.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)