користи (гл.) - некој (зам.)

Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нормативната рамка преку која трудово-правното законодавство требаше да ја обезбеди потребната заштита се претвори во уште еден дополнителен механизам за уште поголемо поткусурување на работничките права, па онаму каде не може да се овозможи на работниците да користат некое свое право, преку бројните измени и дополнувања тоа право се укинува.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)