крева (гл.) - прашина (имн.)

Тие едноставно ќе беа среќни ако исчезнеа и Чанга и козите и повеќе да не се крева прашина од јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Околу нас се крева прашина, думани прашина се крева и не затскрива. И сѐ така, тукуречи до шумата. До Зајгазица. Кај изворчето. Таму подзапираме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Акакиј Акакиевич не сакаше да се расправа за тоа со Петрович, а и се плашеше од сите тие силни суми, со коишто Петрович сакаше да крева прашина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Разбрак, Чано! ја одвртува големата снага на Чана со тоа што влегува во пиперките и согазувајќи неколку корења и излегува на патчето зад неа и продолжува нагоре со тоа што сега не мава лево десно со стапот, туку по средината на патчето, кревајќи прашина и заглушлив глас.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)