крене (гл.) - веѓа (имн.)

Бегот ги крена веѓите во значајна гримаса, лицето му се разотвори, тагата широко се расплина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Токо сега? — тука Крчо ги крена веѓите за да ѝ покаже на Тода нешто што го интересува, а се наоѓа над неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Дојди, ти удри“, му рече потоа. „Ееебаго!“, ги крена веѓите овој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И од оваа стапица ќе се извлечам. Само вие подгответе сѐ што ќе речам.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Докторот му ја измери температурата, ја погледна, ги крена веѓите, се зачуди, го сниша и пак му го стави топломерот под мишката.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Гоце се намурти, ги крена веѓите, го поднамести појасот и се замисли...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)