крене (гл.) - во (предл.)

Исто така партизаните кренале во воздух два воза во гостиварската област.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе извести дека партизанските единици ги освоиле “Ботун, Мешеишта, Сливово, Пресека“ и пресекле два железнички моста.190 На 29 август била спуштена поголема пратка експлозив кај Првата македонска ударна бригада со што Мекдоналд се надевал да ги крене во воздух “сите мостови на патот Струга-Дебар“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но, Вера како тоа да ја крена, како да сфати дека состојбата на Ели е таква што ние двете со неа не можеме да ѝ помогнеме, стана брзо, ја завитка Ели во тенко ќебе, ја крена в раце и заедно потрчавме кон болницата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ја гушнав и ја кренав в раце, како кога беше сосем малечка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Да дошла само една минута подоцна, мостот ќе бил кренат во воздух.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се почувствува како чиниш неговите пеперутки пак да сакаат да го кренат во некои височини...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мала дигресија, се роди во мај, умре во мај и во Битола биста МУ кренаа во мај! Е ај сега?
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И нив не можеше да ги дохрани; квичеа, лаеја, завиваа, гризеа на штиците од котарите, гребеа со нозете; нивното квичење ги потсети луѓето на некогашната Кучешка касарна, ги потсети на грозната смрт на Дуке, син му од кафеџијата Јандро, и една ноќ му ставија динамит во дворот и му ги кренаа во воздух котарите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој можеше сите да нѐ крене во раце, истовремено.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Знаеше. Ама се преправаше дека не не забележува. Тој нѐ тешеше нас!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ја кренав в раце и ја легнав на душекот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, колкупати ги имам протрчано Слатински ливади кренат во раката на тоа чудовиште од човек.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„А дали втаса да си помислиш што претставуваме ние за тие мали гадинки?“ ја прашував додека ја користев нејзината збунетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колкупати го имам наслушнато неговиот глас од оној ден кога ни ја прикажуваше својата надмоќ преку својот патлак со лисичја глава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја кренав в раце, ја изнесов од мојата соба и додека таа да се снајде, ѝ ја затворив вратата пред нос.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Птицата се крена во небото кричејќи, а младичот лесно се спушти на широкиот балкон. Маргина 35 125
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И така уште буден лежам принуден в молкот да се слеам (Ноќва од чудни плодој тежи што не ме пуштаат да пеам) Селата сами в ридје спијат сред сева блага страшна тихост (Крени во себе палав вихор по ѕвоната да бијат бијат)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)