крене (гл.) - до (предл.)

Кога влезе внатре, кога го видоа роднините и пријателите, плачот се крена до бога.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За како споменик на тој ден, на нашето сретсело да остане само недоградениот задружен дом, оние ѕидишта, кренати до чатијата, што сега се уриваат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стаписано подзастана и се сврте назад. Чуварот уште ја држеше раката крената до слепоочницата во знак на отпоздрав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Томо кој ја разбираше скриената желба на Рада, нејзината среќа ја сподели со тоа што ја крена до висината на своите усни вртејќи ја како рингишпил околу себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
После сите ми стегаат рака и со чудење ме гледаат во мевот, кренат до под гуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, што е де... сум прднала, ете што! Не знам, може и да ми се пуштило, жив човек си, а и мевот кренат до гуша ми е. Може да ми се украло, некако, јас не чув, ама Јон чул за да ме изеде срамот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)