крене (гл.) - над (предл.)

Винстон го гледаше право в очи. Чувството на соголеност, со рацете кренати над главата и со целото тело изложено, беше речиси неподносливо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камбана што ѕвони во коските на селаните и в земи што шетаат со вили како огнени крстови кренати над небесата пеејќи: три Марии нагоре три меча – надолу...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе дувне ли ветре што ќе нѐ крене Над езерата, над горите, над реките, Над чардаците, над облаците?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Кога се покажав на вратата од дневната соба, ја здогледав Гала седната на тапацираното столче пред големото тоалетно огледало, со двете раце кренати над глава бидејќи очигледно си ја дотеруваше фризурата, широките ракави од бањарката паднати до над лактите, со нозете пред неа расчекорени и голи, задникот ширнат по тоа тапацираното столче како предојдено тесто, косата развеана преку рамената и по плеќите. Сигурно се готвеше за излегување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мирисот нивни се меша со бојата на божилото што живее во темнината на сонот додека не дојде променливото време на градината да го откорне да го крене над лисјето да го развее.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Една рака сме кренале над веѓите и, по навика, со дланката над очите правиме сеница. Го управуваме погледот пругоре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од бучавата смогот сѐ повеќе се развласува, се протега и се раскостува, се шири, авторот забележува дека смогот почнува и да се крева, ене го веќе кренат над училиштето „Кочо Рацин“ и наскоро ќе ја зафати и неговата куќа што тој одовде не ја гледа, само по тамина знае каде е.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)