крене (гл.) - еден (прид.)

Во тој миг таа застана, се наведна, крена едно листенце што не го беше настапнала, а се жолтеше со сета своја убавина и му се зарадуваа.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Нему ако му речеш нешто со еден збор – оди или дојди, нему тоа не му беше проблем, ама ако требаше нешто да му објасниш, тогаш тој, најмногу на втората твоја реченица почнува да се тегне – ќе ја крени едната рака над главата а другата ќе ја свитка зад грбот и туку гледаш му иде да се проѕевне и ќе се преоѕевне.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа крена еден прст кон човекот во белиот мантил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отпрвин ништо не можев да забележам, но кога ја кренав едната од чашите, ја погледнав спроти светлината - пукната.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)